За Авторот

Темперамент со импресионистички тон и немирен дух

Петар Пехчевски е роден 1985 во Скопје. Уште од најмала возраст се истакнува со својата креативност. Неговиот нескротлив темперамент често правеше да се повлече во своето атеље каде што се изразуваше преку сликањето. 

Црташе  претежно со молив и со туш, правеше скици со молив и туш кој понатака ги реализираше во графики.

Во 1999 година по завршувањето на основното училиште тој конкурираше и беше примен меѓу првите 5 конкуренти во државна квота, на отсек графика со графички техники. Приемниот испит содржеше 3 елементи и се полагаше во 3 дена.

Периодот од 2000 до 2004 година е период на Средно образование во која Петар почнува да го канализира својот талент и да го реализира преку различни техники и проекти во теконт на школувањето.

Во 2004 година е примен на ликовна академија во Скопје меѓу првите 6 во државна квота. Во тек на студирањето има работено на повеќе техники како што се: сува игла, бакропис, сабманир, литографија и монотипијата која покасно му стана омилена техника.

Петар дипломира на факлутетот за Ликовна Уметност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во 2008. година.

Со ваквиот начин на изразување тој заплива во водите на апстрактното. Монотипиите и апстракцијата станаа дел од него и од неговото секојдневие.